Во Делчево синоќа својот 12-годишен јубилеј го одбележа Регионалниот центар за застапување, здружение формирано од петнаесет здруженија од регионот на општините Делчево, Пехчево, Македонска Каменица, Берово и Виница. Според претседателот на РЦЗ, Тони Стоименовски здружението прво работело како Центар за поддршка на невладини за потоа да произлезе денешниот Регионален центар за застапување.

-Во изминатите 12 години успеавме да реализираме голем број проекти како со локалните самоуправи од споменатите општини, потоа со бизнис заедницата, со граѓанскиот сектор, но и со голем број на мрежи како од Македонија така и од Европската Унија. Задоволство е после 12 години да зборуваме за нашите почетоци и луѓето со кои почнавме, соработувавме и ќе продолжиме да соработуваме успешно продолжувајки ја нашата приказна, рече Стоименовски.

Делчевскиот граначалник Горан Трајковски кој заедно со неговиот колега од Пехчево присуствуваше на настанот, истакна дека е чест Делчево да има такво здружение кое придонесува во зголемувањето на демомратските принципи.

-Локалната самоуправа има среќа што има невладин сектор кој битно влијае на развој на нашата општина во овој изминат период на плурализмот и ние како локална самоуправасекогаш сме отворени за соработка со невладиниот сектор особено во изминатата една година откако јас сум градоначалник. Особено драго ми е што со РЦЗ ја изработивме стратегијата за соработка со невладиниот сектор што че биде еден појдовен документ врз основа на кој ќе ги темелиме нашите заеднички цели, рече Трајковски.

Од основањето до денес во центарот биле вработени повеќе од 30 луѓе биле дел од изработката на големиот број проекти кои иако биле мали, но сепак значајни за регионот. Од страна на Регионалниот центар за застапување беа доделени благодарници за сите кои дадоа свој допринос во развој на здружението.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/10/2018 12:32