Аматерскиот театар „Мирка Гинова“ од Демир Капија, кој опстојува 55 години и има бројни награди и признанија, вечерва премиерно ќе ја одигра претставата „Умри машки“ од Алдо Николај. Режијата е на Томе Атанасов.

-За сиве овие години, во театарот имаат членувано над 1.650 лица, а реализирани се над 90 премиерни изведби. Се игра во земјава и странство. Редовно се учествува на фестивали за аматерски театри и се имаат освоено бројни призинанија. Театарот е добитник на повеќе општински и државни награди. Во 2013 година на ДАФ во Кочани, Томе Атанасов ја доби првата награда за улогата во „Парите се отепувачка“. Особене е важно да се каже дека театарсата група од Демир Капија е единствен аматерски театар што има повеќе пати учествувано на меѓународни фестивали. Во 2015 година, Анита Младеновиќ ја доби наградата за најдобра женска улога на Интернационалниот фестивал во Тополовград во Бугарија, вели Кристина Николовска, која ја има главната и единствената женска улога во најновата претстава.

Покрај неа, настапуваат и Томе Атанасов, Крсте Мелов и Димче Бањански.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/10/2018 13:07