Во Галеријата „Акантус“ денеска ќе биде отоворена сомостојната изложба „Верувам дека можам да летам“ на Жанета Гелевска Вељановска.
– Мистеријата на играта поседува сопствен простор и сопствено време, па така користејќи го реалното време и простор Жанета Гелевска Вељановска нѐ носи во имагинарен свет на други простори, кои имаат бесконечно многу приказни, создадени со внимателно промислување на фантазијата, посочи кураторката на изложбата, Дијана Томиќ Радевска.
Таа наведе дека, Вељановска во нејзино претставување ќе иницира една желба за достигнување на невозможното, летањето.
На изложбата ќе бидат преставени педесетина нови дела, кои се изработени во различни техники.