Французинката Теса Ворли победи во велеслалом на првата трка од Супер купот сезонава, што се возеше денеска во австрискиот ски центар Зелден.

Ворли триумфираше со време од 2:00.51 и освои 100 бодови. За 29-годишната Французинка ова беше 13-та победа во велеслалом во кариерата, а минатата година го освои малиот Кристален глобус.

Второто место и припадна на Федерика Брињоне од Италија, која имаше задоцнување од 35 стотинки, додека Американката Михаела Шрифин заврши на третото место со резултат од 2:01.45.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/10/2018 15:45