Повеќе од 600 мажоретки од Молдавија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија и Македонија учествуваат на Европскиот куп за мажоретки од генерациите 1999-2009 што викендов се одржува во Охрид.
Претставниците на групите денеска ги прими градоначалникот Јован Стојаноски кој им посака пријатен престој во Охрид, како и успех во натпреварувањата.
Манифестацијата доби хуманитарен предзнак откако организаторот на купот – групата „Алпе-Дунав-Адриа“ реши средствата од влезниците за сите настапи на учесниците што се одржуваат во Спортската сала „Билјанини извори“ да бидат донирани на семејството Настески за лекување на малата Сара.