Швајцарецот со рутинска победа над Медведев, за пласман во ново финале на АТП турнирот во Базел

Роџер Федерер со 2-0 (6-1, 6-4) во сетови го победи Данил Медведев и ќе има шанса да ја брани титулата на АТП турнирот кој се игра во неговиот роден град Базел. Осумкратниот шампион на овој турнир многу побрзо ја реши оваа средба од претходните неколку меча, за кои се мачеше да го мине патот до финалето.

Швајцарецот со два брејка брзо го освои првиот сет со 6-1. Федерер доста се намачи во вториот сет, прво поведе со 4-0, Русинот успеа за момент да се врати до 5-4, но фаворитот сепак, на крајот слави нов триумф.

Претходно Маруис Копил го совлада Александер Зверев со 2-1 (6-3, 7-8, 6-4) во сетови, па Романецот ќе му биде ривал на Федерер во финалето кое ќе се одигра утре.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/10/2018 19:29