Делегација предводена од градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски присуствуваше на 13. Балкански фестивал на фолклорни игри во Измир, Турција.

Во рамки на посетата, Пекевски во придружба на амбасадорот на Република Македонија во Турција, Звонко Муцунски, оствари средба со заменик градоначалникот на Измир, Сири Ајдоган.

-На средбата беше разговарано за можноста за соработка на двете општини и интересите кои општините би можеле да ги остварат заеднички. Исто така ја разгледавме можноста за збратимување на двете општини и можна идна соработка. Присуството во Турција го искористивме да ја посетиме и општина Конак каде имавме прием во кабинетотот на градоначалникот Сема Пекдас , информира Пекевски.

Според директорот на беровскиот Дом на култура, Звонко Скендерски, на 13. Балкански фестивал учествуваше КУД „Димитар Беровски“.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/10/2018 12:47