Изминатата ноќ полицијата во зајакната акциска контрола во Скопје открила и санкционирала 18 возачи кои управувале возила под дејсто на аклохол, а еден одбила да подлежи на алкотестирање. Полицијата сите 19 возачи ги исклучила од сообраќај.

-Полициски службеници контролирале вкупно 88 возачи, a кај 18 од нив утврдено е присуство на алкохол во крвта, додека еден од нив одбил да подлежи на алкотестирање. По однос на констатираните прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи, преземени се вкупно 19 мерки по горенаведениот прекршок, исклучени се 19 возачи од сообраќај. Откриени се и 23 останати прекршоци за кои се издадени 15 мандатни платни налози и осум прекршочни платни налози, соопшти денеска МВР.

Акциската контрола за откривање возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје ја спровело Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје изминатата ноќ во периодот од 23.00 до 05.00 часот изутрината.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/10/2018 13:51