Еден патник во автобус загина, еден пешак и еден возач се здобиле со потешки, а 15 со полесни повреди во вкупно 24 сообраќајни несреќи што се случиле во текот на изминатиот викенд на подрачјето на Град Скопје. Во осум од сообраќајките е регистрирана само материјална штета.

Според полицискиот извештај на СВР Скопје, 117 возачи се движеле со поголема брзина од дозволената, 95 возачи биле исклучени од сообраќај, од кои 45 поради управување под дејство на алкохол, 37 без стекнато право на управување со моторно возило и 13 возачи почетници.

Од сообраќај полицијата исклучила 27 возила зашто не биле регистрирани.

Непрописно паркирани биле 226 возила, а пајак службата подигнала 122 возила.

Полицијата санкционирала и тројца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, 11 возачи кои поминале крстосница на црвено светло и седум за неправилно престројување.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/10/2018 09:56