Тренерот на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги сигурно ќе ја напушти функцијата. Како што објави „Марка“ Лопетеги по вчерашниот пораз од Барселона бил свесен дека го очекува отказ и веќе се поздравил со играчите.

Реал загуби на гостувањето кај лутиот ривал со убедливи 5:1.

По 10 кола во шпанската Примера, Реал има само четири победи, две нерешени и дури четири загубени натпревари.

52-годишниот Лопетеги на вчерашниот состанок со играчите говорот го завршил со зборовите „Збогум, за секој случај”.

Се шпекулира дека денес или во наредните неколку дена Антонио Конте ќе биде назначен з анов тренер на „Кралевите“.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/10/2018 10:01