Манчестер Јунајтед доставил понуда за дефанзивецот на ПСЖ, Нуно Мендеш, тврди француското издание „РМЦ“. Фудбалерот има уште 18 месеци од договорот со парижаните, но е подготвен за јануарски трансфер.
Португалскиот дефанзивец работеше под Рубен Аморим кога двајцата беа во Спортинг помеѓу 2020-2022 година пред Мендеш да се пресели во ПСЖ за нешто повеќе од 31 милион фунти.
„РМЦ“, исто така, тврди дека самиот Нуно Мендеш (22) сè уште не е убеден дека преселбата во Манчестер Јунајтед е вистинскиот потег. Тој сака трансфер, но интерес има и од други клубови.
Поради важноста на играчот, сепак, Пари Сен Жермен ќе се обиде многу брзо да го задржи со нов договор.