Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, кој синоќа по петти пат стана светски шампион во Формула 1, изјави дека во Мексико извозел ужасна трка.

– Трката беше ужасна. Имав одличен почеток, но не знам што се случи потоа. Се обидов да возам максимално до крај. Сега имам многу чудно чувство. Јас дефинитивно шампионатот не го освоив овде, изјави Британецот.

Хамилтон трката за Големата награда на Мексико ја заврши на четвртото место, доволно на две трки до крајот да создаде недостижна предност пред конкурентот Себастијан Фетел.

На „Автодром Ерманос Родригез“ победи Макс Ферстапен од Ред Бул, пред возачите на Ферари Фетел и Кими Раиконен.

По 19 трки Хамилтон има 358 бода, Фетел 294.

На вечната листа, Хамилтон го достигна Хуан Мануел Фанџо со пет трофеи, пред нив е Михаел Шумахер со седум.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/10/2018 10:03