Украинската тенисерка Елина Свитолина бележи напредок од три места и се најде на 4.место на најновата ВТА ранг листа објавена денеска. Нејзиниот скок е резултат на освоениот завршен турнир во Сингапур.
Пред Украинката се Халеп, Кербер и Вознијацки.
Пласман на ТОП 10 тенисерки на ВТА ранг листата:
(1) Симона Халеп (Романија) – 6.921 поени (2) Анџелик Кербер (Германија) – 5.875 (3) Каролина Вознијацки (Данска) – 5.586 (7) Елина Свитолина (Украина) – 5.350 (4) Наоми Осака (Јапонија) – 5.115 (6) Слоун Стивенс (САД) – 5.023 (5) Петра Квитова (Чешка) – 4.630 (8) Каролина Плишкова (Чешка) – 4.465 (9) Кики Бертенс (Холандија) – 4.435 (10) Дарија Касаткина (Русија) – 3.315.