Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули ќе присуствува на Првата глобална конференција на Светската здравствена организација за аерозагадување и здравје, која ќе се одржи од утре до 1 ноември во Женева.
Конференцијата, информираат од Министерството, е организирана во соработка со Програмата на Обединетите Нации за животна средина, Светската метеоролошка организација, Секретаријатот на Програмата за животната средина на ОН, Коалицијата за клима и чист воздух за редукција на краткотрајните климатски загадувачи и Економската комисија за Европа на ОН.