Во прилепското кино „Мис Стон“ утре и задутре ќе се одржува ревија „Прозорец кон италијанскиот филм“ во организација на Амбасадата на Република Италија, Здружението на професори по италијански јазик на Македонија, во соработка со прилепската гимназија „Мирче Ацев“.
Во двата дена ќе бидат прикажани три филма. Ревијата ќе почне утревечер од 19 часот со филмот „Идеалниот град“ од 2018 година. В среда прилепската публика ќе ги види другите два филма: од 19 часот ќе биде прикажан „Дали некогаш си била на Месечината“ од 2015 година, а од 21 часот – филмот „Индустријалец“ од 2011 година.