Саем на книга беше отворен денеска во градската библиотека “Феткин” во Кавадарци. Директорката на библиотеката, Весна Гркова рече дека настанот е по повод месецот на книгата и кавадаречката културна есен.

– Овој саем веќе прераснува во традиција и овој пат кавадарчани ќе имаат прилика да имаат дружење со најновите изданија на издавачките куќи “Три”, “Култура”, “Матица”, “Сакам книги”, “Топер” и “Просветно дело”, нагласи Гркова.

Таа додаде дека на саемот има понуда од книги за сите возрасти.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/10/2018 20:12