Машки труп во распаѓање пронајден во канал за наводнување во село Бардовци.

Како што соопшти МВР, вчера околу 9 часот било пријавено дека во атарот на село Бардовци-скопско, во канал за наводнување на нивите во правец кон реката Лепенец, бил пронајден машки труп во фаза на распаѓање.

На местото на настанот излезено било од страна на полициски службеници од СВР Скопје, Јавен обвинител, лекар од Итна медицинска помош и лекар од судска медицина. Извршен бил увид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/10/2018 20:13