Струмичкиот завод и музеј воведува нова форма на презентација на културно историското наследство. Тие се први во државата кои на своите посетители ќе им понудат виртуелна прошетка низ целата музејска поставка. Целта е преку 3Д презентација поставката да им стане достапна на сите заинтересирани. Од музејот во Струмица велат на овој начин, преку искористување на новите медиуми богатството од експонати од кои голем дел се ексклузивни и имаат огромно културно и историско значење ќе бидат презентирани пред пошироката јавност не само во земјата туку и надвор од неа. Очекувањата се овој вид на промоција да придонесе и за поголема афирмација и биде мотив и за повеќе рој реални посети на музејот.

,, Тоа е замислено како виртуелна игра. Прошетка со која сами одредуваме на кој експонат колку време ќе му посветиме, во кој правец ќе се движиме по музејската поставка. Очекуваме дека афирмацијата на поставката и наодите кои ги имаме во музејот во Струмица ќе допрат поблиску до пошироката јавност . Се надеваме дека со тоа ќе се зголеми и интересот и вниманието од пошироката јавност.,, вели Ацо Манински директор на Завод и музеј Струмица

Струмичкиот завод и музеј располага со преку 15 000 експонати од различни временски периоди. Голем дел од нив се наоѓаат во постојаната поставка која во мај годинава беше просторно проширена и обновена со најсовремена опрема и витрини со што стана една од најсовремените и најрепрезентативни поставки во државата.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/10/2018 21:17