Рибарски приказни или повторно некој пуштил неавтохтона риба во Охридско Езеро?! Рибари во близина на струшкото село Радожда уловиле досега непознат вид на риба, кој најверојатно не е автохтон за Охридско Езеро.
Како што тврдат, рибите кои се на фотографиите не живеат во Охридско Езеро, и покрај тоа што со години ловат риби, ваков вид риба првпат виделе во нивните мрежи.
Рибарите кои ги уловиле овие риби не пријавиле и не известиле никој од научните институции бидејќи уловот го направиле противправно, па збунети од уловот, но и притиснати од можноста некој да бара одговорност, тие не пријавиле никаде.
Извор: Охрид1