Поранешниот тренер на Монако, Леонардо Жардим преговара со Катарската фудбалска федерација.

Според „Франс Фудбал“, Португалецот е фаворит за селектор на азиската земја.

Катар бара тренер за да го подготви тимот на најдобар можен начин за Светското првенство во 2022 година.

Тимот во моментов е воден од Феликс Санчез Бас.

Понуда за Жардим, исто така, има и од Спартак Москва, но таа останува во заден план.

Стратегот беше на чело на Монако од 2014 до 2018 година. Под негово водство, клубот го освои францускиот шампионат 2016/17.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/10/2018 00:19