СВР Охрид поднесе кривична пријава против О.Л.(50) од Струга, шеф на отсек за комерција и јавни набавки во Општа болница Охрид и против М.К.(59) од Охрид, помошник директор за економски работи во болницата, поради постоење основи на сомнение за сторени две продолжени кривични дела ,,злоупотреба на службена положба и овластување“.
Во периодот од 2014 до 2016 година пријавените прикажувале фиктивни семинари за нив и нивните сопрузи, а второпријавената во 2016 година, прикажувајќи учество на семинар, извршила и резервација за неколку лица вработени во Општа болница Охрид, со што нанеле штета на Буџетот на болницата во Охрид во износ од 45.440 денари.
Исто така, пријавената при спроведување на јавни набавки потпишала изјава за непостоење судир на интереси пред склучување на договорите со правно лице од Скопје, а како награда за објавување на тендерите во корист на тоа правно лице и биле платени патувања на конгреси во Милано, Париз и Варшава, со што се стекнала со противправна корист од 89.063 денари.