Вчера во 14:25 часот било пријавено дека на фудбалското игралиште во село Волино, општина Дебарца, за време на фудбалскиот натпревар помеѓу фудбалските клубови „Сатеска“ од селото Волино и „Охрид Лихнидос“ од Охрид, З.Н.(52) и С.Б.(36), двајцата од село Волино, физички го нападнале главниот судија на натпреварот.

Според информации во одредени медиуми, еден од напаѓачите бил и Градоначалникот на Дебарца Зоран Ногачески.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот



Автор: Администратор
Објавено на: 30/10/2018 03:57