Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, го пофали напаѓачот Ентони Марјал, кој претходно добиваше мала минутажа на натпреварите.
На дуелот со Евертон (2:1) во неделата од Премиер лигата Французинот беше стрелец на еден гол.
– Марсијал има природен талент, кој го покажа пред една или две години, но сега ја зајакнува својата улога во тимот. Задоволен сум од играчите кои се повеќе и повеќе се подобруваат. Имаше тешки периоди, бидејќи барам повеќе од играчите. Но, сега сум задоволен од играта на Антони. Напорната работа е секогаш наградена. Играчите не смеат да се откажат и да покажат слабости, изјави Мурињо.
Марсијал во Манчестер е од 2015 година. Претходно играше за Монако и Лион.