Фокус групата како дел од проектот „Помош на рутата- подобрување на правата на бегалците, мигрантите и барателите на азил во Македонија и Србија“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Хелсиншкиот комитет за човекови права.
Целта на фокус групата е да се обезбедат детални наоди за почитувањето на правата на бегалците и барателите на азил во Македонија, како и медиумската покриеност и известувањето за бегалската криза.
Фокус групата ќе ја модерира Сибел Амет, правен советник и истражувач во проектот.