Затворена е заботехничка лабораторија во Кавадарци од страна на Здравствен и санитарен инспекторат.

Од Државниот здравствен и санитарен инспекторат го потврдуваат случајот и велат дека пломбирањето е поради работење без дозвола.

– Ќе добијат записник, решение со кое ќе им биде изречена казна и ќе продолжат со работа кога ќе обезбедат дозвола за тоа, се што е пропишано со законот за здравствена заштита. Може да имаат барање, тоа е ирелевантно, се додека немаат дозвола не може да се работи. Законските прописи се тие, барање може да се поднесе, меѓутоа, додека не се добие дозвола, не може да се почне со работа, нагласуваат од Инспекторатот.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/10/2018 15:59