Здружението за лица со посебни потреби „Заедно Можеме“ од Гостивар отвори канцеларија во која ќе им даваат поддршка, консултации и совети на лицата со посебни потреби од поширокиот гостиварски регион. Канцеларијата, засега ќе функционира како информативен центар.

– Канцеларијата ќе им биде на услуга на граѓаните на општините Гостивар, Врапчиште и Маврово-Ростуша и ќе функционира како информативен центар за деца и лица со посебни потреби. Тука е предвидено да се помага при обезбедување на правата и услуги за децата и лицата со посебни потреби. Во иднина ќе се одржуваат состаноци, консултации за реализација на проекти за заштита од дискриминација, како и за сите други намени кои ќе се јават како потреба – рече Шпенди Салија, претседател на Здружението.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/10/2018 20:49