Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски донесе одлука за планскиот документ Изменување и дополнување на ДУП за УБ 8, кој го донесува Општината, дека е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.

Од Општина Велес појаснуваат дека како органи засегнати од имплементација на посочениот плански документ се определуваат Министерството за транспорт и врски, Министерството за животна средина и просторно планирање и Советот на Општина Велес.

–. За планскиот документ Изменување и дополнување на ДУП за УБ 8 Општина Велес, за чија изработка е одговорна Општина Велес, а го донесува Советот на Општината, донесувањето на тој плански документ ќе има влијание врз животната средина, потенцираат од Општината.

Тие посочуваат дека обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следниве аспекти: сегашната состојба со животната средина во рамките на планскиот опфат; влијанијата врз животната средина со планираните намени – од зона А1 – домување во станбени куќи, Б1 – комерцијални и деловни намени, Б4 – деловни простории, Г2 – лесна и незагадувачка индустрија, Г3 – сервиси, Г4 -стоваришта и Е–инфраструктура; Влијанието на развојните решенија во поглед на осетливите елементи на животната средина ( воздух, почва, води, население и човеково здравје) и индикаторите преку кои ќе се следи реализацијата на планско решение.

Инаку, одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена е веќе објавена на веб страницата на Општина Велес.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/10/2018 21:15