Сантијаго Солари го одржа првиот тренинг како привремен тренер на Реал Мадрид, а на прес-конференцијата ги соопшти почетните впечатоци.

Солари клупата на мадридскиот клуб ја презема откако Хулен Лопетеги доби отказ по дебаклот викендов во „Ел класико“ со Барселона од 5:1.

Тој истакна дека за него ова е одлична можност, иако на позицијата е назначен привремено.

– Ситуацијата не е лесна, но сите посакуваме да ги смениме нештата. Важно е да се работи секојдневно. Пресреќен сум за пружената можност. Првата цел ми е да го добијам утрешниот натпревар. Тука сум за да победуваме, да играме со елан и фудбалска убавина. Реал со неговата големина не надминува сите, истакна Солари.

Привремениот тренер на Реал ќе дебитира во Копа дел Реј против Мелиља.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/10/2018 00:04