Советот на Општина Охрид денес не ги изгласа предложените измени на дневниот ред со кој требаше од дневен ред да се симне точката за прифаќање на елаборатите за нанесени штети на платформите на рестораните и кафетериите во невремето, и не се согласија на дневен ред да се постави точка за доделување 1 милион денари за помош за лекување на Сара Настоска од Охрид.
Градоначалникот Јован Стојаноски појасна дека и да се изгласа одлуката, општината нема да може да ги исплати средствата бидејќи вирманот нема трезорски да помине од проста причина што се работи за немање законска можност за исплата по тој основ.
Советниците од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ гласаа воздржано по оваа точка, а за гласаа само советници од етничките заедници.
Од друга страна рестораните и кафетериите претрпеа енормни штети во невремето минатата пролет, и согласно Закон имаат право да бараат надомест на штета.
Угостителските објекти во Охрид претставуваат мини индустрија која вработува голем број луѓе, а давачките кои ги имаат кон градот и државата се повеќекратни и по разни основи, од данок до разно разни комунални такси.
Извор: Охрид1