СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.А.(46) од село Камењане, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“.
Во текот на септември и октомври 2018 година пријавениот на жена од село Камењане, тетовско, со која претходно бил во љубовна врска, во повеќе наврати и се заканувал дека доколку не ја продолжи љубовната врска, на социјалните мрежи ќе објавел нејзини фотографии и видео записи со непристојна содржина.