Во Полициската станица од општа надлежност во Дебар вчера е пријавен за исчезнат жител на градот.
Исчезнувањето го пријавиле негови роднини, кои со него немаат контакт од вчера претпладне кога заминал на риболов на брегот на реката Дрим.
Полициски службеници од дебарската полициска станица го пребаруваат теренот.
Лицето е на околу педесет годишна возраст, бил спортски риболовец и неофицијално денот кога изчезнал до реката стигнал со велосипед, кој бил пронајден на брегот.