Крилото на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг дал согласност да потпише нов договор со клубот, информира „Скај Спортс“.

Ова ќе стави крај на шпекулациите за иднината на талентираниот англиски репрезентативец, чиј сегашен договор истекува за 18 месеци. Новиот договор ќе биде за пет години.

Според „Скај“, претставниците на Стерлинг се согласиле со спортскиот директор на Манчестер Сити, Чики Бегиристајн. Договорот ќе биде официјално потпишан во наредните недели.

Сити го привлече Стерлинг од Ливерпул во 2015 година, кога за него плати 49 милиони фунти. Од тогаш тој постигна 48 гола во 151 натпревар за клубот.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/11/2018 19:52