Претседателот на УФЦ, Дејна Вајт коментираше пред медиумите во САД за можното отстранување на шампионот во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов за инцидентите по победата над Конор Мекгрегор во УФЦ 229.

– УФЦ не може да влијае на процесот, се е во рацете на комисијата. Сослушувањето ќе биде во декември и се надевам дека Хабиб ќе биде остранен максимум за половина година, рече Вајт.

На 24 октомври во Лас Вегас се одржа првото рочиште во случајот против Хабиб и Конор Мекгрегор за битката воУФЦ 229. Комисијата ги отстрани двајцата до 10 декември, а следното сослушување се очекува да биде во првата половина на последниот месец на 2018 година.

Инаку во самиот натпревар, Хабиб го победи Конор, но тој побара реванш.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/11/2018 20:02