Секторот за внатрешни работи Струмица во координација со Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи, до надлежното јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против И.С.(41) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурност“ и „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.
На социјалната мрежа Твитер на 19. минатиот месец, споделил расистичка и ксeнoфобична содржина наменета за лицето С.А..
И.С. бил повикан на службен разговор во СВР Струмица, каде појаснил дека Твитер профилот на кој е споделена објавата е негов и дека тој е автор на објавата.