С.А.(35) од Скопје, вработен како обезбедување во дискотека на булевар „8-ми Септември“, синоќа пријавил дека неколку минути претходно, пред дискотеката физички бил нападнат од непознато женско лице.

-Тој не и дозволил да влезе затоа што имала забрана за влез во дискотеката бидејќи порано правела проблеми и ги вознемирувала гостите, по што таа физички го нападнала, информираат од полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/11/2018 01:57