Две лица од кои еден пешак и еден возач на моторно возило се здобиле со тешки телесни повреди, а шестмина со лесни телесни повреди во 12 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во шест сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Според полицискиот извештај, 22 возачи се движеле со поголема брзина од дозволеното, тројца возачи возеле под дејство на алкохол и десет возачи пред да се стекнат со правото за управување на моторно возило.

Исклучени од сообраќај биле и 12 нерегистрирани возила.

Изминатите 24 часа сообраќајната полиција издала 100 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 71 возило.

Полицијата санкционирала и пет возачи кои поминале крстосница на црвено светло, еден за неправилно престројување и еден возач кој не дал првенство на минување на возила во зона на крстосница.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/11/2018 09:25