[photo]

Во Полициската станица во Струга било пријавено дека две лица на улицата „Партизанска“, вршат испукување со пушка према езерото.

СВР Охрид денеска соопшти дека известувањето стигнало на 31 октомври оваа година, во 15 часот и 10 минути.

– По брзо излегување на посоченото место, полициските службеници ги затекнале В.И. (33) и А.Л. (27), двајцата од Струга, при што, од А.Л. одземена е воздушна пушка- Д1 категорија односно пневматско оружје марка „Гам- ХУНТЕР ИГМ“ калибар 4,5 милиметри и кутивче со 70 патрони и дозвола, појасни портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.


Две лица од Струга пукале со воздушна пушка

По извршен разговор во полициската станица во Струга, на А.Л. согласно одредбите на Законот за оружје, изречена му е глоба во висина од 600 до 1.000 евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/11/2018 12:54