Република Кореја и Северна Кореја се договорија да го информираат Меѓународниот олимписки комитет (МОК) за намерата заеднички да се кандидираат за домаќини на Летните олимписки игри во 2032 година, соопшти „Јонхап“.

Одлуката беше донесена на денешната средба помеѓу министрите од двете земји. МОК треба да избере во 2025 година кој ќе биде домаќин на Олимписките игри во 2032 година.

Покрај тоа, двете држави се согласија да направат обединети тимови за олимписките игри во Токио 2020 и за светското првенство во ракомет за мажи во Германија и Данска во 2019 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/11/2018 13:21