Англискиот шампион Манчестер Сити подготвен е да активира откупна клаузула од 250 милиони евра за фудбалерот на Брселона, Лионел Меси и да му понуди иста цифра за плата во нето износ.

Според шпански ел Мундо, поранешниот потпретседател на Барселона, Феран Соријано сега функционер кај „граѓаните“, веќе имал разговор со Хорхе, таткото на Меси и менаџерската агенција што го застапува Аргентинецот.

Понудата на Сити за Меси доаѓа во тек на преговори со потпишуавње нов договор со Барселона според кој би требало да се зголеми излезната клаузула на 700 милиони евра.

Меси сега има годишна плата од 31 милион евра и е најплатен фудбалер во светот.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/11/2018 21:13