Тимот на Хас ја изгуби жалбата за дисквалификацијата на Ромен Грожан во Гран при на Италија поради употребата на илегални елементи на возилото, соопшти американскиот тим од Формула 1.
Неговото шесто место беше анулирано на 2 септември по протестот на Рено против неправилни детали во предниот дел на автомобилот.
Хас се жалеше до ФИА и загуби.
„Разочарани сме што не ја освоивме жалбата, но гледаме напред – кон последните две трки за годината. Битката ќе продолжи на патеката и ние сакаме да завршиме со добри резултати“, рече директорот на тимот, Гинтер Штајнер.