Ноќеска околу полноќ во Полициска станица Штип приведен и задржан е С.С. (30) од село Бучим, радовишко.
Лицето е лишено од слобода поради сомнение дека завчера заедно со уште три непознати лица, насилно ја внеле во возило Ј.А. (18) од село Јунузлија, општина Карбинци по што ја однеле во куќата на братот на С.С. во село Бучим.
Според пријавата на Ј.А., С.С извршил обљуба врз нејзе. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок