Швајцарецот Роџер Федерер избори полуфинале на тенискиот Мастерс турнир во Париз, откако синоќа со 2-0 го совлада Јапонецот Кеи Нишикори.

До триумфот швајцарскиот ветеран дојде по еден час и 21 минута победувајќи во двата сета со по 6:4.

Во полуфиналето Федерер во уште една тениска класика ќе се сретне со Новак Ѓоковиќ кој од понеделник повторно ќе биде број 1 на светската ранг листа.

На досегашните 46 меча, Србинот има 24 победи, додека Федерер се радувал 22 пати.

Другата полуфинална двојка ја сочинуваат Карен Хачанов (Русија) и Доминик Тим (Австрија).

Полуфиналната програма во француската престолнина почнува денес во 14 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/11/2018 18:26