Рускиот тенисер Карен Хачанов ќе игра во финалето на турнирот од Мастерс серијата 1000 што се одржува во Париз.
Хачанов попладнево по само 70 минути во првото полуфинале го совлада Доминик Тим од Австрија со 2-0, по сетови 6:4 и 6:1.
Противник на Русинот во финалето ќе биде подобриот од мечот Новак Ѓоковиќ – Роџер Федерер закажан за 16:30 часот.
За 22-годишниот Хачанов финалето во Париз ќе биде прво на кое ќе се бори за Мастерс трофеј.
На патот до завршницата во францускиот главен град младиот Русин покрај Тим, од ТОП 10 ги победи уште и Александер Зверев и Џон Изнер.