Малолетник бил нападнат вчера во Тетово по прославата на навивачката група „Војводи“ која одбележа 30 години.

Синоќа во близина на ресторан на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, по завршување на прослава на годишнина од постоење на навивачка група, 15-годишник од Тетово, кој бил со неколку другари, физички бил нападнат од непознато лице кое било со група од повеќе други лица.

Малолетникот бил удрен по грбот, по што лицата побегнале.

СВР Тетово презема мерки за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/11/2018 03:09