На патниот премин од железничката пруга Скопје – Кичево, во село Свиларе вчера околу 10.15 часот се случила железничка незгода, во која две лица се повредени.
Како што соопшти денеска МВР во железничката незгода товарен воз управуван од машиновозачот Ј. Д. удрил во автобус со скопски регистарски ознаки управуван од И.М.(32) од скопското село Грчец.
– Возачот и патникот во автобусот М.М.(45) од село Долно Свиларе се здобиле со повреди и биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза” за укажување лекарска помош, стои во соопштението од МВР.
Железничкиот сообраќај бил во прекин во времето од 10.15 до 15.20 часот.