Вработен во Управата за јавни приходи (УЈП) попладнево во Скопје е уапсен под сомнение за примање поткуп.

Според извори на истрагата, Љ.С. е уапсен во кафуле во трговскиот центар Зебра во Скопје.

Приведувањето на даночникот се случило денеска околу 13 часот додека тој седел во кафуле во трговски центар во центарот на Скопје. Според информациите, женско лице му дало плик со пари кој уапсениот го земал, а по што му биле ставени лисици на рацете.

Полицијата работи на случајот, а извори од истрагата засега не ја откриваат висината на поткупот со кој требало да биде подмитен вработениот.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/11/2018 19:16