На граничниот премин Комо Брогеда (Como Brogeda),на италијанско-австриската граница, полиција уапсила 40-годишен македонски државјанин, во чиј автомобил открила три килограми кокаин.

Македонскиот државјанин,чиј идентитет не се наведува, кој патувал со луксузен автомобил марка „БМВ7“ изјавил дека се враќа од Холандија и оти патува за Албанија. При конрола на возилото биле откриени три пакетчиња од по килограм чист кокаин, скриени во посебно направен дел во внатрешноста на луксузниот авотмобил. Одземени се и возилото,како и два мобилни телефона.

Уапсениот македонски државјанин, кој е пренесен во затворот Bassone (Como), според италијанските медиуми ќе одговара за меѓународна трговија со дрога.

Под ова обвинение му се заканува затворска казна од шест до 20 години и парична казна од 26 илјади до 260 илјади евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/11/2018 20:04