Шпанецот Рафаел Надал се повлече од учество за завршниот „Мастерс“ турнир во Лондон поради повреда. Надал само неколку дена претходно реши да се откаже од настап во Париз, но се очекуваше да се обиде да игра во „О2 Арена“ во Лондон.
Сепак, проблемите со стомачните мускули, кои го мачат кога се обидува да сервира, останаа ненадминливи за Надал, кој никогаш не го освоил финалниот „Мастерс“.
Наместо Надал, во Лондон ќе игра 10-тиот на светската АТП листа, Џон Иснер.
– Направив се што е можно зада бидам подготвен за крајот на сезоната, соцел да играм во Париз и Лондон, а јас навистина сакав таму да играм. За жал, проблемот со стомачните мускули, што ме спречија да играм во Париз, се уште се таму како и повредата на зглобот поради кој морам да одам на операција. Поради проблеми со стомачните мускули не ќе можам да се натпреварувам во Лондон, па затоа ќе одвоиме време да решиме некои други актуелни проблеми, но исто така и оние кои можат да направат проблеми во иднина“, наведува тенисерот.
Рафа е втор тенисер кој се откажа сезонава, откако претходно поради повреда одлучи да се повлече и аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро. На негово место влезе Кеј Нишикори (Јапонија).