Девојчето кое што вечерва падна во водите на реката Вардар во Гостивар, е најдено без знаци на живот во близината на Балиндол, пренесува „Гостиварпрес“.

Телото било пронајдено од страна на жители на селото, а било извлечено од страна на полициски служби. Лекарите констатирале смрт.

Се очекува на терен да излезе и Јавен Обвинител кој ќе изврши увид. Исто така се очекува од МВР повеќе детали околу овој случај.

Неофицијално девојчето бегало од глутница кучиња, при што паднало во водите во Вардар.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/11/2018 23:18