Едно лице го загуби животот, пет се повредени во сообраќајна несреќа што изутрината во 5:45 часот се случи на магистралнот пат Струга – Охрид на крстосницата кај струшкото село Мислешево.

До несреќата дошло при судар на автобус со охридски регистерски таблички и патничко возило „Шери“ со струшки ознаки, со кое управувало лицето кои се здобило со фатални повреди. Неговиот идентитет се уште не е утврден.

На местото на сообраќајната незгода увид извршиле надлежен јавен обвинител, како и полициски екипи од Полициската станица – Струга.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/11/2018 10:52